Во експлозија во фабрика за експлозивни елементи рано утринава во Баликесир, Туркије, загинаа 12 лица, соопшти гувернерот Исмаил Устаоглу.
Како што изјави Устаоглу за новинарот на Агенција Анадолу, експлозијата се случила во фабриката лоцирана во квартот Кареси во Баликесир, Западна Туркије, во одделот за производство на иницијални каписли.
На местото на настанот се пратени голем број екипи на итна медицинска помош и пожарникари.
„По експлозијата се урна дел од објектот, екипите се на терен“, рече Устаоглу.
Истрагата за причините за експлозијата е во тек.
.
TRT Balkan / агенции