Туркије во првите месеци од 2023 година ја посетија над 11 милиони туристи / Photo: AA

Во првите четири месеци од 2023 година, Република Туркије ја посетиле 11.093.247 туристи.

Министерството за култура и туризам на Туркије соопшти дека бројот на посети на странски државјани на оваа земја во првите четири месеци од 2023 година е зголемен за 27,51 отсто во однос на истиот период лани и изнесуваше 9.533.933.

Според бројот на туристи кои престојувале во Туркије во првите четири месеци, на прво место е Руската Федерација, а бројот на туристи од оваа земја во однос на минатата година е зголемен за 134,96 отсто, и надминува еден милион.

На второ место по бројот на туристи е Германија, од каде во првите четири месеци во Туркије дошле нешто помалку од милион луѓе или за 18,74 отсто повеќе од истиот период лани. На трето место е Бугарија, а потоа следуваат Иран и Велика Британија.

Кога станува збор за месец април 2023 година и пристигнувањето на странски државјани во Туркије, вкупниот број на пристигнати изнесуваше 3.321.824, што е за 29,03 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.


TRT Balkan / агенции
Популарни