Земјотресот бил почувствуван и во Кахраманмараш и Адијаман / Фото: AA

Земјотрес со јачина од 5 степени се случи во турската област Малатија.

Информацијата преку соопштение ја потврди Дирекцијата за управување со катастрофи и итни состојби на Туркије (АФАД).

Се истакнува дека епицентарот на земјотресот бил во подрачјето на Јешилјурт во Малатија.

Според соопштеното, земјотресот со јачина од 5 степени се случил во 08:35 часот по локално време, на длабочина од 7 километри.

Покрај во Малатија, земјотресот бил почувствуван и во Кахраманмараш и Адијаман.

По настанатиот земјотрес, жителите на ова подрачје излегле на улиците.

Гувернерот на Малатија, Ерсин Јазиџи, во изјава за Анадолу истакна дека досега до безбедносните сили не е упатена пријава за жртви или настаната штета.

AA
Популарни