Турската економија оствари годишен раст од 5,7 отсто во првиот квартал од 2024 година, објави денес Турскиот статистички институт ТуркСтат.
Бруто-домашниот производ (БДП) на земјата достигна 8,8 милијарди турски лири (263,8 милијарди евра) во периодот јануари - март.
По анализата на активностите што го сочинуваат бруто-домашниот производ, додадената вредност е зголемена за 11,1 отсто во градежништвото, 5,5 отсто во информациите и комуникациите, се наведува.
Во последниот квартал од 2023 година турскиот БДП се зголеми за четири отсто.
AA