Шимшек истакна дека инвестициите, значајни во однос на зголемувањето на производствениот капацитет на стопанството, се зголемиле за 5,1 отсто / Photo: AA

Турскиот министер за трезор и финансии, Мехмет Шимшек, потсети дека Туркије во вториот квартал од 2023 година оствари економски раст од 3,8 отсто.

„И покрај тешките глобални финансиски услови и глобалната трговија која падна за 1,8 отсто во однос на истиот период претходната година, како и последиците од земјотресот, во вториот квартал од годината нашата економија продолжи да бележи силни перформанси на раст“, рече Шимшек, коментирајќи ги податоците за економскиот раст на Туркије објавени од Институтот за статистика (TУИК).

Според податоците за бруто-домашниот производ (БДП) што ги објави ТУИК, турската економија во вториот квартал од 2023 година пораснала за 3,8 отсто, во споредба со истиот период претходната година.

Министерот Шимшек истакна дека инвестициите, значајни во однос на зголемувањето на производствениот капацитет на стопанството, се зголемиле за 5,1 отсто.

Нагласи дека целта на Туркије е економскиот раст да биде силен, урамнотежен и одржлив.

„Наш приоритет е рамномерно делење на растот на благосостојбата што треба да се постигне преку урамнотежен и одржлив раст на сите сегменти на општеството“, нагласи Шимшек.

Популарни