Осомничените информациите ги продавале преку приватни детективи 

Турската полиција уапси вкупно седуммина осомничени дека пренеле информации на израелската шпионска агенција Мосад, откриваат безбедносни извори.

Турската национална разузнавачка организација (МИТ) и Генералниот директорат за безбедност спроведоа заеднички операции во Истанбул и во западната провинција Измир за да ги пронајдат осомничените, изјавија изворите кои сакаа да останат анонимни бидејќи не се овластени да зборуваат со медиумите.

За време на истовремените операции, полицијата фати седум од деветте осомничени барани со потерници, а двајца биле претходно уапсени.

Истрагата спроведена од страна на главниот јавен обвинител во Истанбул откри дека деветмина осомничени продавале информации на Мосад преку приватни детективи.

Израелската разузнавачка служба врши активности како што се собирање биографски информации, извидување, истрага, фото-видео документација, следење во живо и поставување уреди за следење против нејзините цели.

МИТ организираше операција против приватните детективи и тактичкиот персонал на Мосад во декември 2022 година, а како резултат на нејзините напори беа заробени 68 лица.

AA
Популарни