„Деветтиот брод за добротворни цели“, кој исплови од Туркије кон Газа, вчера пристигна во египетското пристаниште Ариш, каде ќе бидат истоварени околу 3.774 тони хуманитарна помош.
Бродот тргна од турското пристаниште во градот Мерсин на 16 април, натоварен со хуманитарна помош која се состои од храна, потребни материјали за бебиња и вреќи за спиење.
Помошта е обезбедена под покровителство на турската Црвена полумесечина. Бродот со хуманитарна помош пристигна во пристаништето во Египет по патување од 55 часа.
Помошта од пристаништето со шлепери ќе биде префрлена до граничниот премин Рафах, а потоа ќе и биде предадена на палестинската Црвена полумесечина, која директно ќе им ја подели помошта на жителите на Газа.
Амбасадорот на Туркије во Каиро, Мутлу Шен, го пречека бродот во египетското пристаниште.
„Нашиот деветти брод кој пристигна тука го урна рекордот на товар од 3.774 тони. Станува збор за многу голем товар бидејќи бродовите воглавно пренесуваат 30 до 50 тони помош. Туркије навистина е предводник во светот по прашањето за хуманитарна помош. Особено сум благодарен на великодушноста на турскиот народ, но и на турската Црвена полумесечина и Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) на Туркије“, рече Шен.
Турскиот амбасадор им честиташе на сите кои го дале својот придонес во испраќањето помош за луѓето во Газа. „Би сакал да посебно да му се заблагодарам на нашиот народ. Тие направија државата Туркије да биде горда.
Во контекст на Газа, Туркије е број еден по прашањето на испраќање на хуманитарна помош. Овој брод е најдобар доказ за тоа“, рече Шен.
Амбасадорот Шен истакна дека цел е на најмалку две недели да се испраќа по еден брод со хуманитарна помош во Газа. „Наша желба е уште повеќе да го зголемиме обемот на помошта, помошта да доаѓа од целиот свет“, рече амбасадорот Шен.