Промотивното видео од новиот седан модел на турскиот бренд за електрични автомобили Тог (TOGG), споделено на платформата X, привлече големо внимание.
На видеото споделено со описот „Т10?“ се гледа дека станува збор за седан со фестбек линии.
Новиот модел, кој се очекува да биде претставен на CES 2024 во Лас Вегас од 9 до 12 јануари, можно е да биде претставен како T10S, според претходно објавениот систем за именување на моделите.
Турскиот министер за индустрија и технологија, Мехмет Фатих Каџир, во објава на Х рече: „Иновациите се прекрасни. Тог доаѓа на светската сцена со својот нов модел. #CES2024.“
Турската автомобилска групација Тог го претстави првиот прототип на турско електрично возило во декември 2019 година. Групацијата до 2030 година има за цел да произведе еден милион возила во пет различни модели.
Електричниот автомобил Тог стана симбол на напредокот во високата технологија на Туркије.