Турскиот бренд Тогг го претстави својот нов модел на седан / Photo: AA

Турскиот бренд за електрични автомобили Тогг го претстави својот нов модел на седан на големиот саем за потрошувачка електроника ЦЕС 2024 во Лас Вегас во САД, јавува Анадолу.

„Моделот, со линии „fastback“ се вика „T10F““, објави компанијата на социјалната мрежа X.

Компанијата Тогг го претстави првиот прототип на електрично возило во Туркије во декември 2019 година.

Во 2022 година, компанијата ја започна фазата на масовно производство на својот прв модел, T10X, и почна да го испорачува до клиентите минатата година.

Турскиот бренд Тогг го претстави својот нов модел на седан AA

Досега се испорачани околу 20.000 автомобили T10X.

Целта на компанијата е до 2030 година да произведе еден милион возила од пет различни модели.

Тогг, кој стана симбол на високотехнолошкиот напредок во Туркије, се очекува да претстави нови модели во наредниот период.

AA
Популарни