Турскиот брод „Фатих“ започна со работа на својата нова локација на бунарот Ѓоктепе-2 во гасното поле Сакарија во Црното Море, потврди денес турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Алпарслан Бајрактар.
Туркије истовремено го зголемува производството и истражува нови полиња, истакна Бајрактар преку Х.
Бродот „Фатих“ има должина од 229 метри и ширина од 36 метри. Неговата бруто-тонажа изнесува 51.283.
„Фатих“ е првиот турски брод за дупчење што ѝ се приклучи на флотата на Турската нафтена корпорација (TPAO) во 2017 година. Бродот ја спроведе својата прва експедиција на дупчење во Црното Море на 20 јули 2020 година. На 21 август е забележана неговата прва успешна приказна по еден месец работа на локацијата Туна-1 во близина на брегот на Зонгулдак во Црноморскиот Регион.
Туркије има неколку брода за истражување и дупчење во нејзините територијални води. Бродовите за дупчење „Фатих“, „Јавуз“, „Кануни“ и „Абдулхамид Хан“, заедно со бродовите за сеизмички истражувања „Барбарос Хајретин Паша“ и МТА „Оруч Реис“, се активни во проектите за истражување на нафта и гас.