АНКА, едно од високопрофилните беспилотни летала произведени и дизајнирани во Туркије, погоди цел од 4.572 метри со турскиот проектил на РОКЕТСАН, објави денес Турската аеровселенска индустрија (ТАИ).
ТАИ напиша: „Овој успех постигнат со проектилот од турско производство Л-УМТАС на РОКЕТСАН е гордост изградена од нашите инженери кои работат дење и ноќе“.
Оттаму се додава: „Горди сме на нашиот успех, кој служи како одличен доказ за нашата инженерска способност“.
„Го подигнуваме нашиот профил уште повисоко на меѓународната сцена и со секој успех ја испишуваме моќта на Туркије на небото додека продолжуваме да се издигнуваме уште повисоко со моќта на нашата домашна и национална технологија.“
АНКА го направи својот прв лет во 2010 година и влезе во инвентарот на Турските вооружени сили во 2017 година, брзо станувајќи еден од најдобрите оперативни системи во светот во својата категорија.
Многу потсистеми во процесот на развој на АНКА беа локално дизајнирани и произведени.
Една од најважните фази во процесот беше интегрирањето на националните мотори.
Во овој контекст, моторите ТЕИ-ПД170 развиени од ТАИ Моторна индустрија (ТЕИ) беа успешно интегрирани во АНКА.