Турскиот претседател Ердоган гласаше на локалните избори / Photo: AA

Во Република Туркије денеска се одржуваат локални избори, а во Истанбул гласаше и турскиот претседател и лидер на владејачката Партија на правдата и развојот (AK Parti) Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган, придружуван од сопругата Емина Ердоган, гласаше на избирачкото место во основното училиште „Сафет Чеби“, кое се наоѓа во близина на неговата резиденција Кисикли во истанбулската област Ускудар.

Турскиот претседател Ердоган во дворот беше пречекан од поголема група граѓани, а на влезот на училиштето го пречека градоначалникот на Ускудар, Хилми Туркмен, и челникот на истанбулскиот одбор на АК Партијата, Осман Нури Кабактепе.

AA
Популарни