Турскиот претседател Ердоган го честиташе Денот на младите и спортот / Photo: AA Archive

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го честиташе 19 Мај, Празникот на младите и спортот, што воедно е и Денот на сеќавање на првиот претседател на модерна Туркије Мустафа Кемал Ататурк. „Датумот 19 мај 1919 година, кој на турската младина и го подари Гази Мустафа Кемал, симбол е на оживувањето на духот на отпорот на нашите предци со голема верба иако биле соочени со тешкотии“, рече Ердоган.

Според него, 19 мај е денот кога турскиот народ почна да го пишува еден од најголемите херојски епови кои историјата некогаш ги видела, порачувајќи дека нема да потклекне пред угнетувањето, дека ќе биде единствен и солидарен против империјалистичките сили.

„Највеќе и веруваме на нашата младина кога го осмислуваме и имплементираме напредокот во демократијата и развојот на нашата земја“, рече Ердоган.

Ердоган нагласи дека Туркије, како што се развива и расте, ќе им пружи повеќе поддршка на младите за да би можеле да ги остварат своите соништа.

„Со овие мисли уште еднаш на сите им го честитам 19. Мај - Дено на сеќавањето на Ататурк и Празникот на младите и спортот и со почитување оддавам почест на сите херои на нашата Ослободителна војна, особено на Гази Мустафа Кемал“, додаде претседателот на Туркије. На 19 мај 1919 година Мустафа Кемал Ататурк ја започна борбата за независност на својот народ и ги постави темелите на денешна Република Туркије. Поради тоа 19 мај е исклучително важен празник во земјата.

Денот на младите и спортот се одбележува со разни манифестации и во други држави од светот во кои живее турската дијаспора.

TRT Balkan / агенции
Популарни