Turski predsjednik Recep Tayyip Erdogan prvi iftar u ovom ramazanu, muslimanskom mjesecu posta, dočekao je zajedno sa žrtvama razornih zemljotresa. / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган првиот ифтар во овој Рамазан, муслиманскиот месец на постот, го дочека заедно со граѓаните погодени од разорните земјотреси.

Ердоган присуствуваше на церемонијата на почетокот на изградба на новите станбени згради во регионите на југот погодени од земјотрес, после што присуствуваше на ифтар во контејнерската населба во Кахраманмараш.

Во таа пригода, турскиот претседател Ердоган на сите муслимани им го честиташе месецот на постот.

„Овој благословен месец нека биде благослов за нашата земја, нашиот народ, сите муслимани и целото човештво“, рече Ердоган. Тој истакна дека вредностите кои месец Рамазан им ги претставува на луѓето се потребни од кога и да било порано.

„Рамазан, месецот на соработка, споделување и пријателство, треба да го поминеме на најдобар можен начин“, рече Ердоган.

Тој истакна дека никој не може да остане рамнодушен пред розорните земјотреси во Туркије, катастрофата која погоди 14 милиони луѓе.

„Наша одговорност и братска должност е да направиме се жртвите од земјотресите да знаат и да почувствуваат дека не се сами.“

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Туркије на 6 февруари со епицентар во Кахраманмараш.

Бројот на загинатите во разорните земјотреси достигна 50.096.

Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Туркије погодени се од разорните земјотреси, како и многу други на северот на Сирија.

TRT Balkan / агенции
Популарни