Турските безбедносни сили извршија уште една успешна антитерористичка операција во северен Ирак и неутрализираа најмалку 13 терористи на ПКК. „Го стеснуваме просторот за терористите на северот на Ирак. Нашите херојски турски вооружени сили со воздушна операција неутрализираа 13 терористи на ПКК откриени во регионите Гара и Хафтанин. Ја продолжуваме нашата борба со голема одлучност да ја спасиме нашата благородна нација од зло на тероризмот“, се вели во соопштението на Министерството.одбрана на Турција. ПКК е сепаратистичко-терористичка организација која се наоѓа на списокот на терористички групи во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на повеќедецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе. Сирискиот огранок на ПКК е ЈПГ. Планинските региони Кандил, Гара, Метина, Авасин-Басјан, Хакурк, Зап и Хафтанин се наоѓаат на северот на Ирак и ги претставуваат главните упоришта на терористичката организација ПКК.
30 јул 2024
Турските сили неутрализираа 13 терористи на ПКК во северен Ирак
Ја продолжуваме нашата борба со голема одлучност да ја спасиме нашата благородна нација од злото на тероризмот, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Туркије
AA
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Алтун: Народот во Газа е подложен на геноцид пред очите на целиот свет
Не молчите за Газа затоа што во Газа се случува еден од најтемните периоди на човештвото, нападите кои траат 333 дена ги уништија градовите и систематски ги таргетираа новинарите кои работат на документирање на тешката човечка трагедија, напиша Алтун
Што друго би сакале да знаете?
Популарни