Уделот на Туркије во светската трговија во пораст, извозот годинава достигна 63,6 милијарди долари / Photo: AA

Уделот на Туркије во светската трговија повторно се зголемува, извозот на земјата се зголеми за 3,6 отсто на 63,6 милијарди долари во првиот квартал од 2024 година, а извозот низ светот е намален за 0,6 отсто во истиот период, соопшти денес турското Министерство за трговија.

Повикувајќи се на податоците на Светската трговска организација, Министерството објави соопштение во кое се вели дека додека светскиот извоз во првиот квартал падна за 4,2 отсто на 23,8 билиони долари на годишно ниво, турскиот извоз се зголеми за 0,8 отсто на 257,6 милијарди долари.

Министерството додаде дека годишниот удел на Туркије во глобалниот извоз е зголемен за 5 базични поени на 1,08 отсто во споредба со првиот квартал од 2023 година.

AA
Популарни