Укинати Ковид-19 мерките за влез во Туркије     Фото: АА

Амбасадата на Република Туркије (Турција) во Скопје соопшти дека од 1 јуни 2022 година е укината мерката за задолжително приложување на негативен ПЦР тест или задолжително приложување на сертификат за вакцинација при влез во Туркије.

„Од 1 јуни 2022 година се укинува мерката за задолжително приложување на негативен ПЦР тест со важност од 72 часа или негативен антиген тест со важност од 48 за влез во Туркије преку сите гранични премини“, се вели во соопштението.

Се укинува и приложување сертификат за вакцинација

Воедно, информираат од амбасадата, се укинува и мерката за задолжително приложување на сертификат за вакцинација или документ за прележан Ковид во последните шест месеци.

AA
Популарни