Турксат 6А е прв геостационарен комуникациски сателит што го изгради Туркије / Фото: AA

Првиот комуникациски сателит на Туркије од домашно производство - Турксат 6А беше успешно лансиран од американската сојузна држава Флорида со ракетата Фалкон 9 на Спејс Екс.

Лансирањето се реализира вчера во 19:30 часот по локално време од вселенската станица Кејп Канаверал во Флорида.

Турксат 6А е прв геостационарен комуникациски сателит што го изгради Туркије, а проектот го водеа Турскиот институт за истражување на вселенска технологија при Институтот за научни и технолошки истражувања и компанијата „Туркиш Аероспејс Индустрис“.

Сателитот тежок 4,25 тони ќе биде поставен на орбитална позиција од 42 степени источно, а неговиот животен век во орбитата ќе биде 15 години.

Турксат 6А ќе ги покрива териториите на Туркије, Европа, Северна Африка, Блискиот Исток и Азија и ќе опслужува 4,5 милијарди луѓе за телевизиски, радио и итни комуникации.

Автохтониот проект Турксат 6А беше официјално претставен на 15 декември 2014 година, почнувајќи со отворањето на Центарот за интеграција и тестирање на вселенските системи, основан во капацитетите на „Туркиш Аероспејс Индустрис“ во соработка со Турксат и Агенцијата за одбранбена индустрија на Туркије.

AA
Популарни