Директорот на трката „Tour of Turkiye“, Владимирос Петсас, истакна дека 58-мата осумдневна велосипедска трка што се одржува во Туркије, има важна улога за развојот на економијата и туризмот на земјата.
Тој рече дека уникатниот турски пејзаж често е недоволно ценето богатство.
„Велосипедските патеки служат како единствен спој на спортот, историјата и туризмот, придонесувајќи за промоцијата и вреднувањето на една земја на повеќе начини“, појасни Петсас.
Директорот на трката смета дека на ваков начин се придонесува за промоција на природните убавини, бидејќи натпреварувачите впечатоците ги носат во своите земји.
Петсас истакна дека „квалитетот на трката е на светски стандард“ и нагласи дека „имало голем интерес, иако е вон сезоната.“
„Имајќи предвид дека сме вон натпреварувачкиот период, бидејќи е октомври, некои тимови веќе ги направија плановите за следната година. Квалитетот на тимовите кои учествуваат е навистина многу висок“, рече Петсас.
„Tour of Turkiye“ започна денес со првата етапа од Аланија до Анталија. На трката учествуваат 168 велосипедисти и 24 тима од 36 земји.
Трката завршува во Истанбул. Велосипедистите треба да изминат патека во должина од 1.235 километри.