Во Бурса започнува изградбата на првата фабрика за батерии во Туркије / Photo: AA

Во северозападната турска индустриска област Бурса вчера се одржа церемонија на посавување на темелите на фабриката СИРО за развој и производство на батерии.

Турското Министерство за индустрија и технологија преку писмено соопштение објави дека капусот за развој и производство на батерии за складирање на чиста енергија „Siro Silk Road“, е основан во партнерство со турскиот глобален бренд за мобилност „Тогг“ и кинеската енергетска компанија „Фарасис“, со цел да се развијат решенија за складирање на енергија.

На свечената церемонија по повод започнувањето на изградбата присуствуваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Т

Туркије како силен играч во технологијата на батерии

Во својот говор турскиот претседател Ердоган рече дека првото производство на батерии ќе започне во 2024 година.

„Со огромна инвестиција преземаме уште еден чекор кој ќе и помогне на Туркије да стане силен играч во технологијата на батерии“, рече претседателот на Туркије.

Според него, од 2026 година, овој кампус ќе стане интегриран центар кој произведува модули и пакети на батерии со висока содржина на никел, вклучувајќи батериски ќелии.

„Имаме цел Туркије да стане производствена база на Европа во технологијата на полначи и батерии како и електрични возила“, нагласи Ердоган.

Министерството за индустрија и технологија соопшти дека Туркије презема важни чекори за да ја достигне промената и трансформацијата во глобалната автомобилска индустрија.

Откако моделот T10X на Toгг (Togg) излезе од производство и беше претставен, се прави критичен чекор во однос на батеријата, една од најважните компоненти на електричните возила.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк, според соопштението, изјави дека по масовното производство на „Toгг“ (Togg) во производствената база во Гемлик, инвестициите продолжуваат во Бурса и дека тука ќе бидат поставени темелите на првата фабрика за батерии во Туркије.

„Оваа технологија ќе донесе значајни способности во Туркије. Ќе даде значителен придонес за економијата на нашата земја“, изјави министерот Варанк.

Фабриката за батерии носи важни капацитети во Туркије

Тој истакна дека фабриката за производство на батерии ќе донесе важни капацитети во Туркије, ќе обезбеди и значителен приход во однос на вработувањето за Туркије и Бурса.

„Од сега па натаму ќе продолжиме со овие инвестиции, како што правевме досега. Важен индустриски град како Бурса ќе го добие својот дел од овие инвестиции. Инвестициите што ги правиме овде се токму тоа. Ќе ја развие цела Туркије, не само градот“, истакна Варанк.

Кампусот за развој и производство на батерии „Сиро“ (Siro), кој ќе биде со површина од 607 илјади квадратни метри до производствената база на „Тогг“ (Togg) во Гемлик, се планира да биде завршен до крајот на 2024 година. Последната генерација, батериски ќелии со висока енергетска густина ќе се произведуваат во кампусот каде што ќе се произведуваат ќелии, модули и пакети.

Со кампусот за развој и производство на батерии Сиро, Туркије ќе стане важен интегриран центар за складирање енергија во Европа и на Блискиот Исток во оваа област. Така, Туркије ќе има надлежност да развива и произведува батериски ќелии, што е достапно само во неколку земји.

TRT Balkan / агенции
Популарни