Во Истанбул одржан протест поради палењето на Куранот во Шведска / Photo: AA

Пред Генералниот конзулат на Шведска во квартот Бејоглу во Истанбул се одржа протест поради палењето на светата книга Куранот пред турската Амбасада во Стокхолм.

Протестот се одржа во организација на Младинската фондација на Туркије (ТУГВА).

Насобраните граѓани одржаа и протестна прошетка по познатата улица Истиклал, извикувајќи слогани.

Ејуп Кадир Инан од Партијата на правдата и развојот (AK Parti) за новинарите изјави дека собрани се за да ја заштитат честа и достоинството на муслиманите.

Потсети дека на Расмус Палудан му е дозволено да го запали Куранот пред турската
Амбасада во Стокхолм од страна на шведските власти.

„И тие самите знаат дека сите овие случувања не значат ниту слобода на изразување, ниту слобода на мисла, ниту демократија. Овие инциденти несомнено се злодела од омраза и расизам.“

Претставникот на АК Партијата, Ахмет Хамди Чамли, остро го осуди чинот на палењето примерок од Куранот во Шведска.

„Тие се вознемирени бидејќи многу добро знаат дека Куранот е рецепт за спас на целото човештво“, додаде тој.

Ибрахим Бешинџи, претседател на ТУГВА, порача дека никој нема право да ја сквернави светата книга Куран.
„Како наш одговор на ова го повикуваме целиот наш народ да се вклучи во кампањата за читање Куран“, рече Бешинџи.

Расмус Палудан, лидерот на екстремно десничарската данска партија Цврст курс (Страм Курс), вчера запали примерок од Куранот пред турската Амбасада во Стокхолм.

Палудан беше опкружен со голем број припадници на полицијата додека го изведуваше чинот на палење на Куранот во близина на турската Амбасада. Никому не му беше дозволено да се приближи до Палудан.

AA
Популарни