Во Истанбул се одржа протест против израелските напади врз Газа / Photo: AA

Платформата за солидарност со Газа организираше собир во Истанбул за поддршка на Палестинците.

На протестот остро беа осудени бруталните израелски напади во Појасот Газа и се повика на итен прекин на огнот.

Насобраните, меѓу кои и деца, кои учествуваа на собирот што се одржа во паркот Сарачане, носеа турски и палестински знамиња.

Граѓаните извикуваа слогани барајќи прекин на израелските напади врз Газа и убивањето на палестинските деца.

Собирот заврши на плоштадот Бејазит.

Израел започна смртоносна воена офанзива во Газа по нападот на Хамас на 7 октомври, во којашто досега загинаа најмалку 27.365 Палестинци, а повредени се 66.630.

Според податоците на Обединетите нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.

AA
Популарни