Во Туркије се одбележува 19. Мај - Денот на младите и спортот / Photo: AA

Со низа манифестации во Туркије денес се одбележува 19. Мај - Денот на млади и спорт, што воедно е и Денот на сеќавање на првиот претседател на модерна Туркије, Мустафа Кемал Ататурк.

Планирани се низа манифестации во текот на денот, како и полагање на цвеќе на спомен обележјето.

На 19 мај во 1919 година Мустафа Кемал Ататурк ја започна борбата за независност на својот народ и ги постави темелите на денешна Република Туркије. Поради тоа 19 мај е исклучително важен празник во земјата.

Денот на млади и спорт се одбележува со разни манифестации и во други држави од светот во кои живее турската дијаспора.

AA
Популарни