Форумот, кој се состои од осум панели и шест сесии, ќе собере повеќе од три илјади домашни и странски гости / Photo: AA

Во Истанбул започна Меѓународниот форум за стратешка комуникација (Стратком самит 24), кој годинава по четврти пат го организира Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Република Туркије.

Самитот годинава се одржува на тема „Вештачката интелигенција во комуникациите: трендови, замки и трансформација“.

На отворањето на собирот беше прочитана пораката од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а на церемонијата се обратија потпретседателот Џевдет Јилмаз и шефот на Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Република Туркије, Фахретин Алтун.

На свеченото отворање присуствуваа бројни академски работници, експерти, студенти и бројни домашни и странски гости.

На Стратком самит 24, кој е најголемиот комуникациски самит во Туркије, се собраа водечки имиња од светот на глобалните комуникации за да разговараат за промените во областа на комуникациите преку вештачка интелигенција.

Ќе се разговара и за можностите и предизвиците што ги нудат новите технологии. Учесниците на самитот ќе разменат идеи за бројни актуелни теми како што се јавната комуникација, новите комуникациски стратегии, новинарството, дигиталните медиуми и дипломатијата, борбата против дезинформациите и управувањето со кризи, дигиталната етика и сајбер безбедноста, со фокус на трансформацискиот ефект на вештачката интелигенција во комуникациите.

На Стратком самит 24, како говорници ќе учествуваат 64 домашни и странски експерти од 30 јавни и приватни сектори, граѓански сектор, медиуми, академска заедница и истражувачки центри.

Форумот, кој се состои од осум панели и шест сесии, ќе собере повеќе од три илјади домашни и странски гости.

Четвртиот годишен Самит на Стратком 24 се одржува во Истанбул на 13-ти и 14-ти декември.

TRT Balkan / агенции
Популарни