Воениот брод „ТЏГ Анадолу“ може да превезува товар од околу 27.000 тони / Фото: AA

Турскиот воен брод „ТЏГ Анадолу“ е достапен за јавноста откако се укотви во истанбулското пристаниште Сарајбурну. Најголемиот турски воен брод, создаден со домашни ресусрси, има капацитет за слетување и полетување на хеликоптери и беспилотни летала и може да носи персонал и различна опрема.

Откако минатата недела и беше испорачан на воената морнарица на Туркије, „ТЏГ Анадолу“ е отворен за граѓаните, кои покажаа голем интерес да го фотографираат и научат нешто повеќе за неговите можности.

Граѓаните наредните денови, сè до 23 април, ќе можат да го посетат и да го разгледаат бродот „ТЏГ Анадолу“.

„ТЏГ Анадолу“ е првиот воен брод на светот во својата класа на кој можат да слетаат и да полетаат најголемите и најтешките хеликоптери и беспилотни летала, може да префрли единици со големина на баталјон на одредени локации со сопствена логистичка поддршка, без потреба од поддршка на матичната база.

Туркије е една од 10-те земји кои дизајнираат, развиваат и одржуваат сопствен воен брод, а изграден е во истанбулското бродоградилиште Седеф.

Изградбата на воениот брод „ТЏГ Анадолу“ започна во април 2016 година, а заврши оваа година. Околу 70 % од воениот брод се изградени со локални капацитети.

Воениот брод „ТЏГ Анадолу“ е долг 231 метар, широк 32 метри, а може да превезува товар од околу 27.000 тони.

AA
Популарни