За првите шест месеци биле извезени над 5.000 тони турски мед / Фото: AA

Медот, еден од значајните економски и извозни производи на Туркије, ги заслади непцата на потрошувачите во 46 држави низ светот, вклучувајќи ги САД, Германија и Израел.

Во првите шест месеци од годината се извезени 5.119 тони мед од Туркије како земја која има погодна клима за пчеларство, покажуваат податоците на Асоцијацијата на извозници од Источното Црно Море (ДКИБ).

Овој извоз генерирал приходи од над 15 милиони евра.

Од јануари до јуни, извозот на турски мед достигнал вредност од 6.5 милиони евра во САД, 2 милиони евра во Германија и 1.7 милиони евра во Израл.

На листата на земји каде се извезува турски мед биле додадени Саудиска Арабија, Хрватска, Венецуела, Шведска, Узбекистан и Камерун.

Ахмет Хамди Ѓурдоган заменик претседателот на ДКИБ истакна дека очекувањата за извоз на мед се високи. Тој потенцираше дека производството на мед е сектор кој обезбедува значаен девизен прилив за земјата и верува дека турскиот мед ќе се најде на менито на засладувачи и во други земји.

Ѓурдоган посочи дека екстремното жешко во одредени регионот и прекумерните врнежи во други региони негативно ќе се одрази на собирањњто мед што ќе влијае негативно и на извозот во претстојниот период.

Тој исто така го истакна значењето на Министерството за земјоделство и шумарство кое спроведува строги инспекции за да спречи извоз на небрендирани и неспакувани производи, кои може негативно да влијаат на брендот на турскиот бренд и препознавањето на квалитетот.

Ѓурдоган има оптимистичка визија во однос на зголемената побарувачка за турски мед.

Тој е убеден дека проширувањето на разновидноста на производите, промовирањето на органски и географски брендирани производи и зголемувањето на извозот на брендирани производи, особено на европските земји, Јапонија и пазарите во САД, ќе доведе до зголемување на извозот на мед.

TRT World
Популарни