Заврши најобемната воена вежба во историјата на Туркије / Photo: AA

Во Карс, североисточна Туркије, заврши „Зимска вежба 2023“, најобемната воена вежба во историјата на Република Туркије.

„Зимска вежба 2023“ се одржа во организација на Турските вооружени сили.

Вежбата заврши денеска откако со оружје и со современи воени системи, вклучително и оружје од домашно производство, се гаѓани предвидените цели.

Во рамките на вежбата прикажана е и турската воена технологија, како што е военото беспилотно летало „Бајрактар ТБ2“.

Во вежбата учествува воен персонал од вкупно 17 држави. Во нејзини рамки учествуваа вкупно 2.113 припадници, од кои 183 од други држави, користени се 651 возило, како и 865 различни видови оружје.

Главните цели на воената вежба беа зајакнување на соработката и координацијата во изведувањето комбинирани и заеднички операции, тестирањето на комуникациските и способностите на трупите, вклучително и гаѓање при снежни услови и ниски температури, како и зајакнување на индивидуалната и колективната обука.

Вежбата ја следеа и турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, министерот за одбрана на Азербејџан, Закир Хасанов, министерот за одбрана на Грузија, Џуаншер Бурчуладзе, началникот на Генералштабот на Турските вооружени сили, генерал Јашар Ѓулер, команданти и други официјални претставници.

TRT Balkan / агенции
Популарни