Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди источната турска провинција Малатија, објави во четвртокот турската државна агенција за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).
АФАД соопшти дека земјотресот ја погодил областа Баталгази и дека се случил на длабочина од 13,93 километри во 16:04 часот по локално време (13:04 по Гринич).
Во изјава за АА, гувернерот на Малатија, Ерсин Јазичи рече: „Досега немаме добиено негативно известување, нашите екипи продолжуваат да го следат теренот.
AA