Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот турски град Кахраманмараш.
Како што објави Управата за вонредни ситуации (АФАД), епицентарот на земјотресот бил во населбата Ѓоксун, во Кахраманмараш, на длабочина од околу седум километри.
Во разорните земјотреси што го погодија југот на Туркије на 6 февруари оваа година загинаа повеќе од 50.000 луѓе и уште неколку илјади во соседна Сирија.
TRT Balkan / агенции