Земјотрес со интензитет од 5,9 степени ја потресе турската област Малатја / Photo: AA

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер го потресе местото Кале во турската област Малатја во 10:46 часот по локално време.

Според информациите објавени на веб-страницата на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), во 10:46 часот по локално време е регистриран земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер, чиј епицентар бил во местото Кале во турската област Малатја. Земјотресот бил на длабочина од 10,07 километри.

АФАД објави дека засега нема човечки жртви, ниту материјална штета од земјотресот.

AA
Популарни