Во археолошкото ископување во 2022 година спроведено во Тавсанли Хојук, место проткаено со 8.000 години историја во Кутахја, беа откриени остатоци од лешници кои датираат од пред 4.200 години.
Ова извонредно откритие не само што ја нагласи древната и достојна за почит историја на лешниците закопани во плодните почви на Туркије, туку му дава и веродостојност на тврдењето дека светот ги наследил лешниците, клучниот играч во турската економија, од анадолската степа.
Парчињата од лешници може да се најдат во безброј производи- од чоколади до колачиња до славниот француски солен колач -киш. Давајќи уникатен и неодолив вкус, деликатесите направени со лешници станаа нераскинлив дел од нашите животи. Турските лешници, со нивниот специфичен карактер, го внесуваат овој прекрасен вкус во некои од најпрефинетите чоколади во светот, маѓепснувајќи ги непцата надалеку.
Туркије, светската велесила во производството на лешник, генерира 70 отсто од вкупното светско производство на лешници. Провинциите долж турскиот брег на Црното Море се познати по одгледувањето лешник, а градови Орду и Гиресун водат во обемот на производството.
Со годишен извоз од околу 300 илјади тони зрна од лешник, Туркије генерира околу 2 милијарди долари од овој земјоделски извоз.
Канцеларијата за производи од почва, подружница на турското Министерство за земјоделство и шумарство, ја презема клучната улога во надгледувањето на оваа скапоцена стока. Секоја година Министерството ја одредува откупната цена на лешниците од производителите. Годинава цената за секој килограм лешник е фиксиран на 80 турски лири или три американски долари.
„Како управители на Канцеларијата за производи од почва, ние сме свесни за клучната улога што ја имаат лешниците и жестоко се стремиме да ја извршуваме нашата должност со непоколеблива посветеност“, изјави Ахмет Гулдал, генерален директор на Канцеларијата за производи од почва, за ТРТ Ворлд.
„Низ долгогодишното искуство еволуиравме во авторитет во индустријата за лешници. Настојуваме на нашите производители да им внесеме чувство на сигурност преку проактивно објавување на откупните цени на лешниците пред доаѓањето на сезоната на жетва. Пред периодот на откуп внимателно ги подготвуваме нашите откупни центри низ провинциите познати по производството на лешник. Нашата посветеност да обезбедиме беспрекорен процес за нашите ценети производители е очигледна преку нашиот ефикасен систем за закажување термини кој гарантира дека нема непријатности".
Макотрпна жетва
Мехмет Захид Камадан, 42-годишен трговец од Истанбул, секоја година за време на сезоната на жетва го посетува селото на своите претци во Орду.
Објаснувајќи ги долгите и обесхрабрувачки процедури на одгледување лешник, Камадан рече: „Патот на производството на лешник е полн со предизвици, барајќи постојан труд. Постојаното внимание кон дрвјата со лешници е императив во прецизно одредени интервали во текот на целата година. Црноморскиот регион, благословен со обилните врнежи, негуваат не само лешници, туку и изобилство на плевел. Следствено, често се наоѓаме во напорната задача да ги исчистиме полињата со лешник од инвазивната флора“.
Примената на ѓубрива и уметноста на кастрење на дрвјата се еден од суштинските аспекти на одгледувањето лешник, рече тој, додавајќи дека бербата започнува во август среде интензивните летни горештини.
„Работиме неуморно, но нашата трудољубивост е прилично наградена, особено оваа година, со тоа што владата нуди привлечна цена за килограм.
Со половина милион луѓе кои се занимаваат со одгледување лешник во Туркије, стотици илјади луѓе зависат од оваа трговија, која вклучува низа бизниси од претприемачи кои продаваат опрема за прскање со пестициди до автомобили и други современи земјоделски алатки.
„Нашата крајна мисија е да обезбедиме одржлив просперитет на производството на лешник, цел која зависи од тоа да и се овозможи на оваа негувана стока признание и почит кои неспорно ги заслужува“, рече Гулдал.
„Со тоа, ние се стремиме да ја одржиме водечката позиција на Туркије на глобалната сцена, што е посветеност која го нагласува длабокото значење на одговорноста на Канцеларијата за производи од почва во врска со лешниците.