14 камиони со помош од ОН преку Туркије влегоа во северозападна Сирија / Photo: AA

Четиринаесет камиони со хуманитарна помош на Обединетите нации (ОН) влегоа во северозападна Сирија денеска преку Туркије, откако во понеделникот регионот беше погоден од разорни земјотреси.

Камионите влегоа во Идлиб преку граничниот премин „Џилвеѓозу“ во јужната турска област Хатај и сирискиот премин „Баб ал Хава.

Испратена како дел од хуманитарните активности за прекугранична помош на ОН, помошта ќе биде доставена до луѓето на кои им е потребна во регионот.

Шест камиони вчера пристигнаа во Идлиб, кој е тешко погоден од силните земјотреси со епицентар во јужна Туркије.

Активностите на ОН во Сирија траат од 2014 година, за кои турскиот граничен премин „Џилвеѓозу“ служи како единствена врата за доставување на помошта на ОН.

TRT Balkan / агенции
Популарни