70.000 универзитетски работници штрајкуваат во Велика Британија        Фото: АП

Над 70.000 универзитетски работници го започнаа најголемиот штрајк во Велика Британија за плати и пензии.

Професори, библиотекари и истражувачи од 150 универзитети учествуваат на тридневниот штрајк кој ќе се одржи на 24, 25 и 30 ноември, на кој се приклучуваат и професори од Шкотска.

Се очекува до 2,5 милиони студенти да се соочат со прекини во образованието поради штрајкот што се одржува поради платите, работните услови и пензиите.

На 8 ноември, Националниот студентски сојуз го најави штрајкот и соопшти дека студентите се солидаризираат со 70.000 универзитетски работници низ Велика Британија за штрајкот.

AA
Популарни