Аеродромот „Глазгов“ затворен откако е пронајден сомнителен предмет

Меѓународниот аеродром „Глазгов“ денес е затворен поради пронаоѓање сомнителен предмет.

„Инцидентот се случил околу 5:55 часот изутрина по локално време , кога полицијата добила дојава за сомнителен предмет во безбедносната сала за претрес на аеродромот во Глазгов“, се вели во соопштението на полицијата во Глазгов.

„Како мерка на претпазливост и во согласност со процедурите, просторите за пријавување и за безбедност беа затворени“, се вели во соопштението.

„Вработените и граѓаните се преместени од местото за пријавување на катниот паркинг“, се вели во соопштението, во кое се додава дека полицијата и службите за итна помош остануваат на местото на настанот.

Во меѓувреме, во објава на Твитер, аеродромот во Глазгов соопшти: „Централните делови на терминалот се затворени поради инцидентот, а патниците се преместени надвор од зградата на нашиот покриен паркинг.“

„Пријавувањето на терминалот е затворено поради тековниот инцидент и патниците се преместени надвор од зградата на нашиот покриен паркинг“, соопштено е од Управата на аеродромот во Глазгов.

AA
Популарни