Туркије е гарант на мирот, стабилноста и безбедноста во нашиот регион, изјави денес азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.
Говорејќи на големиот технолошки настан во Туркије, ТЕХНОФЕСТ, Алиев истакна дека Туркије стана земја на која ѝ се слуша зборот во светот во последните 20 години.
Тој истакна дека Туркије и Азербејџан се секогаш заедно и се пријатели.
Споменувајќи ја борбата на Азербејџан со Ерменија во регионот Карабах минатата година, тој рече дека Туркије го поддржува Азербејџан од почетокот до крајот на војната.
Честитајќи му на Селчук Бајрактар, челник на Фондацијата Т3, организатор на ТЕХНОФЕСТ и главен директор за технологија во турската компанија „Бајкар“, Алиев рече дека компанијата наскоро ќе отвори центар во Азербејџан за производство на авиони.
Азербејџанскиот претседател на ТЕХНОФЕСТ го возеше и автохтониот турски електричен автомобил ТОГГ, моделот T10X.
Либија и Туркије имаат „вкоренета соработка“
Абдул Хамид Дбеибе, премиер на Владата на Либија со седиште во Триполи, рече дека неговата посета на ТЕХНОФЕСТ е резултат на вкоренетата соработка меѓу Туркије и Либија.
Споменувајќи ја новоотворената турска нуклеарна централа „Акују“, тој ѝ честита на Туркије што стана една од земјите со нуклеарни централи. Дбеибе, исто така, рече дека Туркије зазема цврст став против сите предизвици.
Тој изрази благодарност до Туркије и турската компанија „Бајкар“ за подобрувањето на воздушните одбранбени системи на Либија.