Принцезата Јурико, најстариот член на јапонското царско семејство, почина на 101-годишна возраст.
Агенцијата за царски работи (Кунаичо) објави дека принцезата Јурико починала во болницата каде што била на лекување.
Официјалната агенција Кјодо објави дека здравствената состојба на 101-годишната јапонска принцеза неодамна се влошила.
Иако причината за смртта не е откриена, јапонските медиуми објавија дека Јурико починалa од пневмонија.
Таткото на Јурико, Масанари Такаги, потекнува од Хото Масајоши, феудалец од 1800-те за време на периодот Едо.
Јурико, чие полно име е „Такаги Јурико“, е роденa во 1923 година во семејството Такаги, во Токио, главниот град на Јапонија.
По дипломирањето на женската академија Гакушуин, во 1941 година, на 18-годишна возраст, неколку месеци пред почетокот на Втората светска војна, Јурико се омажи за принцот Микаса, помладиот брат на поранешниот император Хирохито.
Јапонската принцеза беше последниот член на семејството роден за време на владеењето на 123-от јапонски император Џошихито, познат како „Таишу“, помеѓу јули 1912 и декември 1926 година.