Напаѓачот е приведен веднаш по нападот, објавија медиумите

Словачкиот премиер Роберт Фицо бил застрелан и ранет во обид за атентат.

Инцидентот се случил во градот Хандлова, приближно 150 километри североисточно од главниот град Братислава, објави информативната телевизиска станица ТА3. Како што се наведува, осомничениот е приведен.

Според новинската агенција ТАСР, инцидентот се случил кога напаѓач испукал неколку истрели пред Домот на културата во Хандлова, каде што се одржала владина седница. Напаѓачот е приведен по нападот, се вели во соопштението.

Според словачкиот информативен портал Плушка, Фицо бил погоден со два-три истрели.

Локалната телевизија JOJ објави дека маж од толпата отворил оган кон премиерот кога тој излегол од зградата за да ги поздрави жителите на градот.

Според достапните информации, кои веднаш почнале да се шират, Фицо се здобил со две-три прострелни рани, наводно во пределот на градниот кош и стомакот, а наводно биле четири-пет истрели.

Во еден момент некој од толпата извикал „Роберт, дојди овде“ и тогаш почнала пукањето, објави порталот.

Според Плушка, состојбата на Фицо е многу сериозна и итно е пренесен во болница.

AA
Популарни