Најмалку 23 лица загинаа во поплавите што зафатија 10 провинции во Авганистан за време на викендот.
Портпаролот на Министерството за вонредни ситуации на привремената влада на талибанците, Мухамед Несим Хакани изјави дека е зголемен бројот на жртвите во поплавите што зафатија бројни провинции, претежно на истокот на земјата.
Поплавите ги зафатија провинциите Вардак, Пактика, Нангерхар, Нуристан, Перван, Пенчшир и Пактија, каде загинаа 23 лица, а повеќе од 20 се повредени.
Уништени се повеќе од 2.500 куќи, а угинаа околу 2.000 животни.
На терен се испратени екипи на итната помош. Населението ги доби првите испораки на помош, а хуманитарните организации најавија дополнителна поддршка.
Одредени меѓуградски делници се затворени за сообраќај, а екипи на терен работат да ги направат патиштата проодни.
Во последниот месец, повеќе од 90 луѓе загинаа во 20 провинции, а околу 120 беа повредени.