Според првичните информации, свештеникот не е во животна опасност / Photo: Aussie Cossack X

Најмалку четири лица се повредени во напад со нож во црква во Сиднеј, Австралија.

Инцидентот се случил во асириската црква Христос Добриот Пастир во Вејкли, во западен Сиднеј, околу 19.15 часот по локално време, пренесува „9 Вести“.

Наведено е дека во нападот кој се случил за време на молитвата во црквата биле повредени свештеник и три лица.

На социјалните мрежи е објавена снимка од директниот пренос на која може да се види како напаѓачот му приоѓа на свештеникот Мар Емануел и го напаѓа со нож.

Деталите за нападот се уште не се потврдени, но се вели дека сторителот, за кој се верува дека дејствувал сам, е во притвор. Свештеникот неофицијално нема повреди кои би му го загрозиле животот.

Да потсетиме, пред два дена вооружен маж уби шест и рани 12 лица во напад со нож во трговски центар во Сиднеј.

TRT Balkan / агенции
Популарни