Во изминатите неколку недели поплавите во Викторија и Нов Јужен Велс одзедоа два животи, а две лица се водат за исчезнати.      Фото: Ројтерс

Неколку десетици илјади куќи останаа под вода откако поројни врнежи од дожд го зафатија југоисточниот дел на Австралија.

Министерот за вонредни состојби Мареј Ват информираше дека од поплавите најпогодена е државата Викторија и дека некои подрачја се соочуваат со големи водени буици.

Ват рече дека ситуацијата во сојузната држава Викторија е многу сериозна и дека е можно под вода да се околу 34.000 куќи. Илјадници луѓе во југоисточниот дел на земјата се евакуирани, а одложена е и наставата во училиштата.

Тим Вибуш, претставник на Службата за вонредни состојби, изјави дека постои можност поради прелевањето на реката Кампаспе, под вода да се 85% од местото Рочестер.

Во изминатите неколку недели поплавите во Викторија и Нов Јужен Велс одзедоа два животи, а две лица се водат за исчезнати.

AA
Популарни