Австралија го забрани ТикТок на службените уреди / Photo: AA

Владата на Австралија одлучи на своите функционери да им го забрани користењето на кинеската апликација за споделување видеа ТикТок на службените уреди. Државниот обвинител Марк Дрејфус одобри забрана на кинеската апликација на уредите кои ги користат владините служби.

„Забраната ќе стапи на сила штом ќе биде изводливо“, додаде Дрејфус.

Тој додаде дека исклучоци ќе бидат одобрени само во одредени случаи и со соодветни безбедносни мерки. Австралија е последната земја членка на „Five Eyes", разузнавачкиот сојуз кој се состои од Австралија, Канада, Нов Зеланд, Велика Британија и Соединетите Американски Држави, која на своите службеници им забрани користење на кинеската апликација на службените уреди.

Претставниците на ТикТок во Австралија ја нарекоа одлуката разочарувачка. „Исклучително сме разочарани од оваа одлука.

Според нашето мислење, ова е водено од политиката, а не од фактите“, рече генералниот директор на ТикТок во Австралија Ли Хатер, пренесе Еј-Би-Си њуз (ABC news).

TRT Balkan / агенции
Популарни