Австралија размислува да ги забрани социјалните мрежи за децата / Photo: AA

Австралискиот премиер Ентони Албаниз денес објави дека неговата Влада планира да им забрани на децата да користат социјални мрежи.

Во изјавата премиерот Албаниз рече дека неговата лабуристичка Влада оваа година ќе претстави закон за минимална возраст за пристап до социјалните мрежи и другите релевантни дигитални платформи.

„Знаеме дека социјалните мрежи предизвикуваат социјална штета и ги оттргнуваат децата од вистинските пријатели и вистинските искуства“, рече премиерот.

Сепак, тој не сподели повеќе детали за старосната граница за децата на кои нема да им биде дозволено да користат социјални мрежи.

Албаниз додаде дека пристапот, предводен од Комонвелтот, кон ова важно социјално прашање ќе обезбеди австралиските деца да бидат подобро заштитени на интернет и дека родителите и старателите ќе бидат поддржани.

Во неделата локалните медиуми објавија дека Јужна Австралија подготвила нова легислатива со која ќе ги принуди гигантите на социјалните мрежи да им забранат пристап на децата под 14-годишна возраст до нивните платформи, а во спротивно ќе се соочат со казни.

Новиот закон може да се реплицира и во други сојузни држави, објави Еј-би-си њуз.

„Сега ќе се вклучи Владата, ќе им забраниме на децата да имаат пристап до овие профили“, рече јужноавстралискиот премиер Питер Малинаускас.

AA
Популарни