Властите на Азербејџан го претставија планот за реинтеграција на ерменското население во Карабах. Според документот кој го објави азербејџанската државна новинска агенција АзерТаг, Азербејџан обезбедува еднаквост на правата и слободите за сите, без оглед на етничката припадност, верата или јазикот.
Управувањето со територии на кои живеат Ерменците ќе се врши преку посебни претставништва кои ги именува претседателот на Азербејџан, со учество на локалното население. Локалните администрации во општините ќе бидат избирани на избори.
Азербејџанските агенции за спроведување на законите ќе се одржува јавниот ред и безбедност на жителите, а локалните жители ќе имаат можност да работат во рамките на овие агенции. На ерменското население на Карабах ќе му биде загарантирано правото на зачувување и развој на својата култура, слобода и вероисповед и употреба на ерменскиот јазик, се наведува во планот, додавајќи дека жителите исто така ќе имаат корист од националниот систем на наградување и социјални привилегии кои се применуваат ширум земјата.
Азербејџанската национална валута ќе биде во полн оптек во Карабах, а Владата ќе им даде даночни и царински повластувања за поддршка на посебниот економски режим воведен за стимулирање на економски развој во економските региони на Карабах и Источен Зангезур.
ОН: Во Карабах нема траги дека е сторено насилство над ерменските цивили
Обединетите нации (ОН) соопштија дека нивната делегација што заминала во Карабах не нашла докази за насилство врз ерменските цивили и дека цивилната инфраструктура во регионот не била цел на напад.
Портпаролот на ОН, Стефан Дујариќ, изјави дека делегацијата на ОН го посетила Карабах за време на викендот на покана на Владата на Азербејџан.
Наведувајќи дека делегацијата се обидува да ги идентификува хуманитарните потреби во регионот, Дујариќ рече дека во делегацијата има претставници на Светската здравствена организација (СЗО), Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) и Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања на (OCHA).
Тој додаде дека делегацијата извршила увид на граничниот пункт во Лачин и градот Ханкенда.
„Делегацијата соопшти дека не нашла докази за насилство врз ерменските цивили и дека цивилната инфраструктура во регионот не била цел“, рече Дујариќ.
Наведувајќи дека азербејџанските сили не гаѓале болници, училишта, куќи, верски или културни центри и дека Владата на Азербејџан започнала активности повторно да обезбеди непречени здравствени услуги, Дујариќ дека е забележано оти не е предизвикана штета кај земјоделските површини и добитокот.
Дујариќ изјави дека делегацијата се сретнала и со претставници на ерменската заедница во Карабах.
Истакнувајќи ја важноста од враќањето на довербата во регионот, Дујариќ рече дека сите страни треба да вложат напори за тоа.