Азербејџан: Нелегалниот режим во Карабах мора да биде распуштен / Photo: AA

Советникот на претседателот на Азербејџан, Хикмет Хаџиев, изјави дека ќе бидат воспоставени правата и безбедноста на цивилите од ерменско потекло во Карабах и порача дека илегалниот сепаратистички марионетски режим во азербејџанскиот прегион мора да биде распуштен и дека ерменските оружени сили мораат да бидат разоружени.

Хаџиев, во својата пишана изјава ја коментираше антитерористичката операција која ја покрена Азербејџан а повторно воспоставување на уставната структура во Карабах.

Наведувајќи дека азебејџанската војска со високопрецизно оруже во Карабах гаѓала легитимни воени цели, Хаџиев наведе дека е спречено нанесување штета на цивилите.

„Илегалниот сепаратистичи марионетски режим во регионот Карабах во Азербејџан мора да се распушти а ерменските оружени сили мора да бидар разоружени. Правата и безбедноста на цивилите од ерменско потекло во Карабах ќе бидат обезбедени во рамките на азербејџанскиот устав и меѓународните обврски“, порача Хаџиев.

TRT Balkan / агенции
Популарни