За независноста треба да одлучува Тајван     Фото: АА 

Претседателот на САД Џо Бајден изјави дека американската војска би го бранела Тајван во случај Кина да го нападне овој остров.

Гостувајќи во телевизиската емисија „60 минути” на ЦБД, американскиот претседател ги коментираше актуелните тензии меѓу Кина и Тајван кои се зголемија по посетата на Тајван од страна на делегација на американскиот Конгрес.

На прашањето дали американската војска би го бранела Тајван ако Кина го нападне Бајден одговори потврдно.

„Да, ако дојде до напад, без преседан”, рече Бајден.

На подиректното прашање дали американски војници, за разлика од случајот со Украина, би го бранеле Тајван, Бајден одговори потврдно и појасни дека САД не ја промениле политиката кон Тајван.

„Ние стоиме зад она што одамна го потпишавме. Посветени сме на политиката на целовитост на Кина и не го охрабруваме ниту го наговараме Тајван да оди кон независност. Независноста е нешто за што треба да одлучи Тајван”, изјави Бајден.

AA
Популарни