Над 700 напади на доселеници врз Палестинците, половина од нив извршени во присуство на израелски војници, беа пријавени меѓу 7 октомври и 3 април / Photo: AFP

Десничарските Евреи кои живеат во нелегалните населби низ окупираниот Западен Брег, почнаа да носат армиски униформи и да мафтаат со војнички пушки додека одат наоколу тероризирајќи ги палестинските селани.

Последниот бран на насилство меѓу доселениците има за цел окупација на повеќе палестински земји и ја замати границата меѓу екстремистичките милиции и израелската војска, која има недостиг од војници бидејќи повеќето од нив се распоредени во Газа, велат активистите.

Екстремно десничарскиот министер за безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир во октомври најави купување на 10.000 армиски пушки за вооружување на илегалните доселенички милиции на окупираниот Западен Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим. Тогаш тој рече дека ова е за заштита на населените места.

Оттогаш, израелските доселеници убиле најмалку девет Палестинци и запалиле речиси стотина куќи во палестинските градови.

„Пред 7 октомври, повеќето упади на доселениците се случуваа ноќе или по полноќ. Доселениците ги покриваа лицата додека ги вандализираа нашите куќи или автомобили, а кога ќе дојдеше полицијата, тие бегаа“, вели Мурад Абдел Монеим Исмаил Самара, жител на Брукин, палестински град во близина на Наблус.

Но, сега се чини дека доселениците не се плашат од какви било последици, особено затоа што добиваат целосна заштита од израелската армија и полиција, вели тој.

„Тие знаат дека се ослободени од казна. Затоа почнаа да нѐ напаѓаат сред бел ден“.

Над 700 напади на доселеници, половина од нив извршени во присуство на израелски војници, беа пријавени меѓу 7 октомври и 3 април, според најновите податоци на Обединетите нации.

Овие напади резултираа со раселување на околу 1.222 Палестинци и убиство на најмалку девет. На други места на окупираниот Западен Брег, израелските безбедносни сили убиле 428 Палестинци.

Израелската држава со години им дозволува на Евреите во илегалните населби да носат оружје, кое го користат за малтретирање и понекогаш за напади врз Палестинците. Секоја населба, исто така, има двајца или тројца доселеници посебно задолжени за безбедност.

Но бројот на такви безбедносни лица значително се зголеми во последните недели и сега тие носат пушки М16 во воени униформи, вели Самара.

„Тие станаа како мафија, а сите доселеници од обезбедувањето почнаа да носат армиска облека. Веќе не можеме да правиме разлика меѓу доселениците и војската“.

Конфискација на рекордно земјиште

Со вниманието на светот насочено кон Газа каде што израелската војска уби над 33.000 Палестинци, најмногу жени и деца, израелските доселеници на окупираниот Западен Брег сѐ повеќе навлегуваат во палестинската земја.

И дури се обидуваат да ја избришат палестинската врска со селата и градовите.

Алија Малихат, Палестинка која живее во селото Ал Мараџат, северозападно од градот Ерихо, вели: „Со војната во Газа за доселениците е најдобро време да конфискуваат повеќе земја и да извршат повеќе напади бидејќи добиваат целосна поддршка од Армијата."

Алија, волонтер во организацијата Б'Tселем за одбрана на човековите права, вели дека се вклучила во активизам затоа што никој друг не му кажувал на светот за страдањата и неправдите со кои се соочуваат луѓето во нејзиното село од рацете на доселениците.

Со нејзината камера, таа ги документирала илегалните упади на доселениците поддржани од армијата во нејзиното село Ал Ма'раџат, бедуинско село населено со 30 семејства. Нивните домови се соочуваат со постојана закана од рушење. Иста е состојбата и во другите соседни бедуински села.

Кога ќе дојдат овците

Она што ја прави особено вознемирена е кога здогледува еврејски доселеник како ги пасе овците во близина на нејзиното село Ал Марајат. Тоа е знак дека доселениците подготвуваат нешто злобно.

Она што ја зголеми вознемиреноста на Алија и нејзините соседи е застрашувачкото присуство на истакнатиот еврејски доселеник, Зохар Сабах, во близина на нивното село. Тој со месеци се обидуваше да ги заземе палестинските земји на кои сака да изгради нова еврејска населба наречена Реут, именувана по неговата сопруга.

Со поддршка на израелската армија, Сабах организираше рации на нејзиното село дење и ноќе, при што доселениците често тепаа жени и деца, апсеа мажи, палеа куќи и го крадеа добитокот што им припаѓаше на Палестинците.

„Околу пет домови беа напуштени поради овој инцидент“, вели Алија, „сега овците на доселениците талкаат таму каде што некогаш стоеле домовите на семејствата“.

И злосторствата на доселениците не завршуваат тука.

Во последните недели, доселениците поставија израелски знамиња на домовите на жителите и оставија играчки обоени со крв во селското училиште за да ги заплашат луѓето.

Доселениците дури ископаа гробови и ги украсија со цвеќиња во морбидна закана.

„Тоа е она што тие го сакаат, да нѐ избришат, да нѐ закопаат“, вели Алија. „Околу 26 палестински бедуински села се раселени од почетокот на војната во Газа затоа што доселениците сакаат да ни се одмаздат“.

Правна манипулација

Израелската влада им помогна на доселениците користејќи контроверзни регулаторни изговори што беа користени за окупација на Западниот Брег.

На пример, палестинските села често се означени како воени зони, што им олеснува на доселениците да ја грабнат палестинската земја, вели Мик Бауман, ирски активист против доселениците.

Доселениците користат различни техники, како што се барање земјиште во областа Ц како државно земјиште или прогласување на земјиште за национални паркови или природни резервати.

Западниот Брег беше поделен на зони А, Б и Ц во 1995 година според Договорот од Осло II. Над 60 отсто од Западниот Брег е означен како Област Ц, каде што израелската војска ја задржува целосната контрола, иако првично беше планирано постепено да се префрли во палестинска јурисдикција. Меѓутоа, во моментов, 99 отсто од земјиштето во областа Ц е забрането или силно ограничено за Палестинците.

Кога ќе се случат такви конфискации, Палестинците не можат да прибегнат кон ефективен судски или правен процес.

Палестинците на окупираниот Западен Брег подложатна воени судови од 1967 година, па дури и кога бараат правен пат, судовите често одлучуваат во корист на доселениците како во случајот на Самара.

Самара вели дека неговото семејство поседувало 30 хектари земја во близина на планината Ал Дар. Во средината на 2014 година, воениот суд нареди конфискација на 23 хектари, барајќи ги како државна сопственост.

Дури и преостанатото обработливо земјиште беше опколено од израелската војска, а на палестинските фармери не им е дозволено да работат таму. Постепено, на илегалната населба Брукин и беше дозволено да се прошири и доселениците ги изградија своите домови над земјата.

„Нивните булдожери секојдневно ја згуснуваат земјата и крадат сè повеќе земја“, вели Самара.

TRT World
Популарни