Германија и другите сојузници во НАТО и натаму ќе ја поддржуваат Украина / Photo: AA

Франција е за членство на Украина во НАТО, а Германија смета дека не е време да се дискутира за тоа. Двете држави денеска го изразија својот став околу евентуалниот прием на Украина во Алијансата.

Германската министерка за одбрана Аналена Баербок пред денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки во НАТО во Осло изјави дека иако Германија и нејзините НАТО сојузници ќе продолжат да и даваат поддршка на Украина, сепак сега не е време да се разговара за нејзино членство.

„НАТО секогаш јасно кажуваше дека има политика на отворени врати [кон Украина], а исто така е јасно дека среде војна не можеме да зборуваме за ново членство“, изјави Баербок.

Од друга страна министерката за надворешни работи на Франција, Катрин Колона, истакна дека суверените држави имаат право слободно да ги избираат своите сојузници и дека поради оваа причина се за членство на Украина во НАТО.

Според Колона земјите од НАТО треба да им дададт приоритет на нивните безбедносни обврски кон Украина.

„Мора да потсетам на едноставниот меѓународен правен принцип, како што е правото на сите суверени држави слободно да ги избираат своите сојузници“, додаде Колона.

Освен војната во Украина тема на министерскиот состанок беше и патот на Шведска до членство во НАТО.

TRT Balkan / агенции
Популарни