Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок е во официјална посета на Украина / Фото: Reuters

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок денес пристигна во официјална посета на главниот град на Украина, Киев, јавува Анадолу.

Во соопштението на Федералното министерство за надворешни работи на Германија се вели дека ова е осма посета на Баербок на земјата разорена од војна од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година. Се очекува таа да се сретне со највисокото украинско раководство.

Баербок истакна дека Украинците покажале „огромна издржливост“ и покрај различните закани што се наѕираат со претстојните зимски месеци.

„Путин сака да го скрши народот на Украина, да го фрли на колена со секој напад“, изјави Баербок.

„Ние се спротивставуваме на оваа бруталност со нашата хуманост и поддршка, за да може Украинците не само да ја преживеат зимата, туку и нивната земја да може да преживее. Затоа што тие ја бранат и нашата слобода во Европа“, додаде таа.

AA
Популарни