Турскиот производител на беспилотни летала „Бајкар“ и Азербејџан потпишаа протокол за добра волја за заедничко производство на системи за беспилотни летала.
Халук Бајрактар, извршниот директор на „Бајкар“, и заменик-министерот за одбрана на Азербејџан, Агил Гурбанов, го потпишаа протоколот за време на ТЕХНОФЕСТ, најпознатиот турски фестивал за воздухопловство и технологија што се отвори вчера на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул.
На церемонијата на потпишувањето присуствуваше и Рамиз Тахиров, командант на Воздухопловните сили на Азербејџан.
Говорејќи на церемонијата, Бајрактар истакна дека денес постои многу блиска и силна соработка меѓу Азербејџан и Туркије во технологијата на беспилотни летала со сфаќањето „една нација, две држави“.
„Денес сме овде со заменик-министерот за одбрана на Азербејџан, Агил Гурбанов, и Азербејџан за да ја продолжиме оваа соработка. Заедно со командантот на Воздухопловните сили, Рамиз Тахиров, потпишавме заеднички протокол за добра волја и наша цел е да ја унапредиме силната соработка помеѓу нашите земји“, рече Бајрактар.
Тој истакна дека Бајрактар Технолоџи Азербејџан е основана од „Бајкар“ во главниот азербејџански град Баку, со цел да развие напредни технологии, автономни технологии и вештачка интелигенција што поддржуваат технологии од новата генерација.
424 домашни и странски пронајдоци ќе бидат претставени на ИСИФ'23
Во рамките на фестивалот ТЕХНОФЕСТ започна 8. Меѓународен саем на пронајдоци во Истанбул (ИСИФ'23) со пронајдоци од 31 земја.
На ИСИФ'23 ќе се претстават 424 домашни и странски пронајдоци.
На свеченото отворање присуствуваше и турскиот министер за индустрија и технологија Мустафа Варанк.
Варанк истакна дека младите луѓе и пронаоѓачите ќе имаат можност да ја покажат својата работа на саемот, кој ќе ги зближи пронаоѓачите и инвеститорите.