Додека бегалците од Азија и Африка подолго чекаат одговор, Белгија ги забрза барањата на Украинците кои бегаат од војната, давајќи им право на престој и работна дозвола, како и пристап до социјална заштита, домување и средства за живот.     Фото: АА

Барателите на азил кои сакаат да поднесат барање за меѓународна заштита во Брисел, главниот град на Белгија и на Европската Унија, принудени се да спијат на улиците бидејќи прифатните центри се пополнети.

Оние кои сакаат да поднесат барање за азил, уште од рано наутро се редат пред канцеларијата на белгиската Федерална агенција за прифаќање на азиланти „Мал дворец“ (Petit Chateau).

Бидејќи центрите за прифаќање бегалци се преполни, поголемиот број од луѓето се принудени ноќта да ја минат на улица.

Утрово е поставен импровизиран шатор покрај каналот пред „Малиот дворец“. Десетици луѓе спиеја на кревети и душеци, со јоргани и ќебиња, на сѐ она што го понеле со себе, со цел да им биде поудобно и потопло.

Околу 200 луѓе, главно државјани на Авганистан и малата источноафриканска држава Бурунди, спиеја пред зградата резервирана за украинските бегалци во округот Сарбек.

Додека бегалците од Азија и Африка подолго чекаат одговор, Белгија ги забрза барањата на Украинците кои бегаат од војната, давајќи им право на престој и работна дозвола, како и пристап до социјална заштита, домување и средства за живот.

Кризата во Брисел, која трае повеќе од една година, се влоши последните неколку недели, кога најмалку 21 дете спиеја на улица.

Иако властите соопштија дека ќе бидат изградени дополнителни засолништа, ништо не се смени. Невладините организации на загрозените лица им даваат храна, облека и здравствена поддршка колку што можат.

„Луѓето ја минуваат ноќта на улица по многу студено време“, изјави Сотиета Нго, директорката на непрофитната организација „Координациски иницијативи за бегалци и странци“ (CIRE).

„Белгија не сака да стане привлечна за бегалците“, претходно изјави Нго.

Напоменувајќи дека воведувањето локални општински системи би помогнало во решавањето на проблемот, невладините организации тврдат дека државата го избегнува овој чекор за да не го привлече вниманието на бегалците да поднесат барање за азил.

AA
Популарни